fbpx



Академија за
графички дизајн

Биди дел од најтемелната 32 неделна програма што ќе ти донесе успешна и креативна кариера

1
недели
1
практични вежби
1 %
вработувања
1
ментори
За Академијата

За 32 недели ќе ги стекнеш оние вештини кои се веднаш применливи на работно место.
Ќе ги совладаш најважните дизајн концепти, софтвери и алатки кои ти се потребни за да ја претставиш твојата идеја на светот, како и практични вештини кои ќе можеш веднаш да ги примениш на работното место.

Со комбинација од индивидуална и тимска работа, во блиска соработка со менторите ќе изработиш повеќе од 9 готови проекти кои ќе ги вметнеш во твоето ново дизајн портфолио.

 

Зошто Академијата на Brainster е најдобро место да учиш графички дизајн?

1. Ќе учиш преку практична работа на реални кампањи за познати компании

2. Менторство од дизајн експерти со долгогодишно искуство во областа и 24/7 подршка од тимот на Brainster

3. Ќе имаш можност за вработување во некоја од компаниите со кои соработуваме

4. Ќе бидеш дел од заедница, составена од луѓе слични на тебе, постојано отворена за помош и соработка

5. Посета на дизајн студио, посета на печатница, хакатони и дизајн натпревари, кариерна подготовка

Што по завршувањето на Академијата?

Запознај ги студентите од Академијата за дизајн на Brainster, кои веднаш по завршувањето се вработија како графички дизајнери.
После 4 месеци на Академијата, Григорија го започна дизајнерското искуство на пракса кај Небојша Гелевски каде што нејзиниот дизајн беше избран за овогодинешниот Пич Прич на тема „Фасада“.
Григорија Гулевска
Пракса во Кома
Зошто е важна работата на реални проекти?
Play Video

Работилници и награди на нашите студенти​

Најдобро се учи со практична работа, на реални проекти со клиенти.

Студентите во текот на Академијата имаат можност за работат со познати брендови како МКЦ, WizzAir, Германски институт, Europe House и тн.

Во склоп на проектите се организираат изложби и посета на печатница.

 

Часовите се одржуваат 3 пати во неделата со времетраење од 2 часа.

  За повеќе информации околу Академијата и можностите за финансирање, контактирајте ја Весна Трпчевска, координатор на Академијата, на тел: 078 814 614. 

Термини за почеток

АПРИЛ
2021

ПОПОЛНЕТА
1850
  •  
  • Плаќање на 18 месечни рати без камата

СЕПТЕМВРИ
2021

15 слободни места
1850
  •  
  • Плаќање на 18 месечни рати без камата

Запознај ги твоите инструктори

Ги собравме најискусните дизајнери од Македонија и регионот за да ги создадеме дизајнерите на иднината.

Дијана Димитриевска

Концептуалист со
разнолико работно искуство
во дизајн студио, печатница и маркетинг агенција.

Кирил Ѓоргов

Maркетинг директор во Tribeca Studio
со повеќгодишно искуство во графички дизајн низ разни маркетинг агенции
и freelance

Небојша Гелевски

Првиот човек на Кома лаб,
една од водечките агенции
за графички дизајн и печатење во РМ.

Ана Тодоровска

Графички дизајнер со 10 годишно работно искуство во печатница, графичко студио и маркетинг агенција.

Јане Наумоски

Сениор UX/UI дизајнер во Ендава.
Се усовршува како дизајнер
повеќе од 10 години.

Александар Нофитоски

Сениор дизајнер со над 6 годишно искуство во областа на дизајнот во маркетинг агенции, дизајн студио и freelance.

Клелија Живковиќ

Магистер по social design,
со 6+ години искуство во примена на дизајн методи.

Венчо Милошевски

Графички дизајнер и арт директор
со 10+ годишно агенциското искуство во: Savvy, Mexico City и Publicis, Skopje.

Иван Дургутовски

Графички дизајнер, визуелен уметник, универзитетски професор. 10 + години работно искуство

Програма

Основи на визуелните комуникаци. Што е графички дизајн? Поим, суштина, функција и ликовно графички елементи

Разработка на процесот на дизајнирање. Како се започнува еден дизајн. Дизајнерскиот процес, од каде црпиме инспирација и како изгледа едно дизајн истражување.

Како еден дизајн станува историски? Познати имиња во дизајнот, дизајн правци низ времето и како ги употребуваме денес. 

Инсталација на софтверот. Главни алатки во илустратор, учење преку практични вежби и примери, напредни алатки. 

Инсталација на софтверот, главни алатки во фотошоп, фотоманипулација, фотомонтажа, напредни алатки

Типографска терминологија и примена. Употреба на фонтови (kerning, leading, tracking, hierarchy), Практични примери.Анализа и дискусија. Вежби, типографски постер, типографско лого.

Во склоп на Академијата заедно со инструкторите ја посетуваме печатницата Пропоинт за да видиме како се одвива процесот на печатење на дизајните кои ги спремаме
Дизајн на книга, публикација, списание, корица, вежби
Инсталација на софтвер, основни алатки за користење, работење преку вежби, напредни алатки

Работење за клиент, како да креирате брендинг дизајн, процес на лого дизајн, процес на дизајнирање на брендбук, како да презетираш брендинг дизајн , изработка на брендбук, финална презентација пред клиент

Посета на дизајн студио во склоп на Академијата
Дизајнирање на постер за клиент, минимализам, дискусија и бриф, презентација пред клиент
Запознавање со материјали. Еко дизајн. Инспиративна сесија. Штанца. Офсет. Дизајн за клиент.
Вовед во 360 адвертајзинг и развивање на идеја по канали. Photoshooting. Формати на keyvisual. Работа во Маркетинг Агенција. Најнаградувани кампањи.

Дизајн студио е колаборативна училница во која го изучуваме и градиме пристапот кон целните групи во дизајнерската професија. На овој модул може да очекувате работа во тимови на интердисциплинарни проекти, и многу дискусии. 

Запознај се со UX/UI методолгијата. Научи го процесот од истражување до дизајн. Што е UX/UI дизајн? Запознај се со најважните методологии како rapid prototyping и design thinking.

Креирање на портфолио и подготовка за вработување со нашиот партнер LAIKA

Learning partners

Learning Partner програмата на Brainster овозможува студентите од Академијата за дизајн да работат на реален проект кој компаниите ќе го предложат. Ова се дел од компаниите за коишто работиме во моментов.

Често поставувани прашања:

Сега повеќе од кога било, компаниите ја препознаваат вредноста на дизајнот, применувајќи ги неговите принципи насекаде, од веб-искуства, до физички производи, до испорака на услуги. Според InVision, 92% од зрелите организации за дизајн можат да повлечат права линија од напорите на нивниот тим за дизајн до приходите на нивната компанија. Ова го гледаме како одразено на работните позиции: 70% од дизајнерските тимови го зголемија бројот на членови во изминатата година.

На оваа Академија се запишуваат студенти со различни професионални средини како графички дизајн, дизајн на интерфејс, архитектура и маркетинг, како и повеќе далечни области како психологија и антропологија. Искуството во Brainster создава трајни пријателства и соработки кои ќе ве поддржуваат за време на откривањето на целиот живот.

На крајот на оваа Академија ти ќе:

  • Имаш длабоко разбирање за типографија, теорија на бои, фотографии, layout, блокирање и други теории и вештини за дизајн
  • Научиш да креираш логоа и пакети за брендирање за потенцијални клиенти
  • Ги разбереш ги и научиш основните алатки и можности на Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign
  • Едитираш и манипулираш со фотографии во Adobe Photoshop
  • Научиш како да работиш со повеќе layouts на страници во Adobe InDesign и создадеш корица за книга
  • Дознаеш историја на фонтови и букви и како да спариш фонтови
  • Чекор-по-чекор процес да станеш графички дизајнер

Еве само некои од придобивките што можат да ги очекуваат нашите студенти во Brainster:

  • Стручни инструкции за вештините што ви се потребни за успешно започнување на кариера како графички дизајнер
  • Пристап до алатката за разговор Slack за да комуницирате со вашите инструктори, врсници и алумни во текот на целиот курс.
  • Профил на дигиталната платформа за учење на Brainster и пакет алатки и бонус материјли, проверени од експерти за да го освежете вашето знаење во текот на вашата кариера.
  • Работа на реални проекти, за реални клиенти, кои ќе може да ги додадете во вашето професионално портфолио за прикажување нови вештини на потенцијалните работодавци и соработници.
  • Кариерна работилница која ќе ви помогне да креирате професионално резиме, како да се снајдете во процесот на барање работа, од технички предизвици, до преговори за плата и повеќе. Подготовка за интервју.
  • Индивидуален фидбек од инструктори. Останете мотивирани и искористете го максимално ова искуство со помош на нашиот посветен Brainster тим.
  • Конекции со професионална мрежа на инструктори и врсници што трае многу повеќе од курсот. Brainster може да ви помогне да се снајдете и да успеете во оваа област.

Да! По презентацијата на завршниот проект, ќе добиете потпишан сертификат за завршување. Илјадници алумни во Brainster го користат својот сертификат за да демонстрираат вештини на потенцијалните работодавци – вклучувајќи ги и нашите партнери за вработување. Академијата за Графички Дизајн на Brainster е добро ценетиа од многу врвни работодавци, кои придонесуваат за нашата наставна програма и соработуваат со нас за да ги обучуваат свои тимови.

Услови за добивање сертификат:

  • Присуство на 90% од часовите
  • Сите домашни задачи да бидат изработени на време
  • Изработка и презентација на завршен проект

Оваа Академија е за тебе ако си амбициозна и љубопитна личност која има пасија за учење и сака да расте во tech кариера и да работи како графички дизајнер. За да се запишеш на Академијата не ти е потребно предзнаење. Нашата претпрограма им ги овозможува на студентите потребните предзнаења за успешен старт на програмата и превенира голем дел од потешкотиите кои потенцијално би се појавиле за време на учењето понатаму.

Со пополнување на формуларот за апликација, влегуваш во нашата база на апликанти со останатите потенцијални студенти. Во рок од 24 часа, очекувај повик од координаторот на Академијата за да договорите датум и време за online средба со неа.

По средбата или интервјуто координаторот има состанок со тимот од Академијата и ги претставува кандидатите кои аплицираат т.е. нивната позадина, слободно време за академијата, желба за посветеност, кариерни аспирации, mindset и причини зошто се одлучиле за графички дизајн. Ова го правиме со цел да ги препознаеме студентите кои се „doers“ што ќе го прифаќаат нашиот „no-bullshit approach”. Убедени сме дека луѓето со љубопитен ум и широко познавање од многу области се најдобрите кандидати за оваа Академија.

Академијата за графички дизајн трае 32 недели. Наставата се одвива онлајн. Неделно се одржуваат три часови во времетрање од по два часа.

Освен желба за учење и работа, предзнање не е неопходно. Со многу помош од страна на тимот на инструктори и труд и посветеност од страна на студентот, успехот е неминовен.

Како дел од активностите на Академијата е и Learning&Hiring програмата, што значи соработка со компании кои често нудат и можност за вработување. Нашиот Hiring Тим ќе се потруди да те поврзе со нашите партнери и да ја најдеме твојата идеална работа.

Цената на Академијата за графички дизајн e 1850 евра, со можност за плаќање на 18 рати.

Започни со
учење денес!

Биди дел од
бесплатното предавање за дизајн