fbpx

brainster



Академија за
графички дизајн

Биди дел од најтемелната 32 неделна програма што ќе ти донесе успешна и креативна кариера

1
недели
1
практични вежби
1 %
вработувања
1
ментори
За Академијата

За 32 недели ќе ги стекнеш оние вештини кои се веднаш применливи на работно место.
Ќе ги совладаш најважните дизајн концепти, софтвери и алатки кои ти се потребни за да ја претставиш твојата идеја на светот, како и практични вештини кои ќе можеш веднаш да ги примениш на работното место.

Со комбинација од индивидуална и тимска работа, во блиска соработка со менторите ќе изработиш повеќе од 9 готови проекти кои ќе ги вметнеш во твоето ново дизајн портфолио.

 

Зошто Академијата на Brainster е најдобро место да учиш графички дизајн?

1. Ќе учиш преку практична работа на реални кампањи за познати компании

2. Менторство од дизајн експерти со долгогодишно искуство во областа и 24/7 подршка од тимот на Brainster

3. Ќе имаш можност за вработување во некоја од компаниите со кои соработуваме

4. Ќе бидеш дел од заедница, составена од луѓе слични на тебе, постојано отворена за помош и соработка

5. Посета на дизајн студио, посета на печатница, хакатони и дизајн натпревари, кариерна подготовка

Што по завршувањето на Академијата?

Запознај ги студентите од Академијата за дизајн на Brainster, кои веднаш по завршувањето се вработија како графички дизајнери.
Академијата ми беше отскочна даска. По нејзиното завршување се отворија многу шанси и одлуката беше лесна. Секогаш имаме страв од промени, меѓутоа сега чувствувам дека како графички дизајнер престанувам да работам и почнувам да уживам.
Матеа Шумковска
Вработена во Genera Development
После 4 месеци на Академијата, Григорија го започна дизајнерското искуство на пракса кај Небојша Гелевски каде што нејзиниот дизајн беше избран за овогодинешниот Пич Прич на тема „Фасада“.
Григорија Гулевска
Пракса во Кома
Зошто е важна работата на реални проекти?
Play Video

Работилници и награди на нашите студенти​

Најдобро се учи со практична работа, на реални проекти со клиенти.

Студентите во текот на Академијата имаат можност за работат со познати брендови како МКЦ, WizzAir, Германски институт, Europe House и тн.

Во склоп на проектите се организираат изложби и посета на печатница.

 

Часовите се одржуваат 3 пати во неделата со времетраење од 2 часа.

  За повеќе информации околу Академијата и можностите за финансирање, контактирајте ја Весна Трпчевска, координатор на Академијата, на тел: 078 814 614. 

Термини за почеток

ОКТОМВРИ
2020

ПОПОЛНЕТА
1850
  •  
  • Плаќање на 18 месечни рати без камата

АПРИЛ
2021

16 слободни места
1850
  •  
  • Плаќање на 18 месечни рати без камата

Запознај ги твоите инструктори

Ги собравме најискусните дизајнери од Македонија и регионот за да ги создадеме дизајнерите на иднината.

Дијана Димитриевска

Концептуалист со
разнолико работно искуство
во дизајн студио, печатница и маркетинг агенција.

Кирил Ѓоргов

Maркетинг директор во Tribeca Studio
со повеќгодишно искуство во графички дизајн низ разни маркетинг агенции
и freelance

Небојша Гелевски

Првиот човек на Кома лаб,
една од водечките агенции
за графички дизајн и печатење во РМ.

Ана Тодоровска

Графички дизајнер со 10 годишно работно искуство во печатница, графичко студио и маркетинг агенција.

Јане Наумоски

Сениор UX/UI дизајнер во Ендава.
Се усовршува како дизајнер
повеќе од 10 години.

Александар Нофитоски

Сениор дизајнер со над 6 годишно искуство во областа на дизајнот во маркетинг агенции, дизајн студио и freelance.

Клелија Живковиќ

Магистер по social design,
со 6+ години искуство во примена на дизајн методи.

Венчо Милошевски

Графички дизајнер и арт директор
со 10+ годишно агенциското искуство во: Savvy, Mexico City и Publicis, Skopje.

Иван Дургутовски

Графички дизајнер, визуелен уметник, универзитетски професор. 10 + години работно искуство

Програма

Основи на визуелните комуникаци. Што е графички дизајн? Поим, суштина, функција и ликовно графички елементи

Разработка на процесот на дизајнирање. Како се започнува еден дизајн. Дизајнерскиот процес, од каде црпиме инспирација и како изгледа едно дизајн истражување.

Како еден дизајн станува историски? Познати имиња во дизајнот, дизајн правци низ времето и како ги употребуваме денес. 

Инсталација на софтверот. Главни алатки во илустратор, учење преку практични вежби и примери, напредни алатки. 

Инсталација на софтверот, главни алатки во фотошоп, фотоманипулација, фотомонтажа, напредни алатки

Типографска терминологија и примена. Употреба на фонтови (kerning, leading, tracking, hierarchy), Практични примери.Анализа и дискусија. Вежби, типографски постер, типографско лого.

Во склоп на Академијата заедно со инструкторите ја посетуваме печатницата Пропоинт за да видиме како се одвива процесот на печатење на дизајните кои ги спремаме
Дизајн на книга, публикација, списание, корица, вежби
Инсталација на софтвер, основни алатки за користење, работење преку вежби, напредни алатки

Работење за клиент, како да креирате брендинг дизајн, процес на лого дизајн, процес на дизајнирање на брендбук, како да презетираш брендинг дизајн , изработка на брендбук, финална презентација пред клиент

Посета на дизајн студио во склоп на Академијата
Дизајнирање на постер за клиент, минимализам, дискусија и бриф, презентација пред клиент
Запознавање со материјали. Еко дизајн. Инспиративна сесија. Штанца. Офсет. Дизајн за клиент.
Вовед во 360 адвертајзинг и развивање на идеја по канали. Photoshooting. Формати на keyvisual. Работа во Маркетинг Агенција. Најнаградувани кампањи.
Колаборативна дизајн училница каде што ќе ги употребиме дизајнерски вештини за да ја утврдиме креативноста и иновацијата во нашата работа преку интерактивни вежби

Запознај се со UX/UI методолгијата. Научи го процесот од истражување до дизајн. Што е UX/UI дизајн? Запознај се со најважните методологии како rapid prototyping и design thinking.

Креирање на портфолио и подготовка за вработување со нашиот партнер LAIKA

Learning partners

Learning Partner програмата на Brainster овозможува студентите од Академијата за дизајн да работат на реален проект кој компаниите ќе го предложат. Ова се дел од компаниите за коишто работиме во моментов.

Често поставувани прашања:

Оваа Академија е за тебе ако си амбициозна и љубопитна личност која има пасија за учење и сака да работи како графички дизајнер. За да се запишеш на Академијата не ти е потребно предзнаење. Нашата подготвителна програма ги обучува студентите со потребните предзнаења за успешен старт на програмата. Така што целата група студенти ќе има еднаков почеток. Секако, секогаш е плус за студентите ако имаат искуство или љубов кон уметност и дизајн.

Ако успешно го одбраниш завршниот проект, добиваш диплома. Најважно е дека ние ќе те обучиме од самиот почеток со сите алатки и вештини кои во моментот ги бараат компаниите кај професионалните графички дизајнери. Програмата е креирана од професионалци во индустријата за професионалци во индустријата. По завршување на нашата Академија ќе добиеш задолжителна пракса и можност за junior вработување.

Со пополнување на формуларот за апликација, влегуваш во нашата база на апликанти со останатите потенцијални студенти. Во рок од 24 часа, очекувај повик од координаторот на Академијата за да договорите датум и време за online средба со неа. 

По средбата или интервјуто координаторот има состанок со тимот од Академијата и ги претставува кандидатите кои аплицираат т.е. нивната позадина, слободно време за академијата, желба за посветеност, кариерни аспирации, mindset и причини зошто се одлучиле за графички дизајн. Ова го правиме со цел да ги препознаеме студентите кои се „doers“ . Убедени сме дека луѓето со љубопитен ум и широко познавање од многу области се најдобрите кандидати за оваа Академија.

Да. Отворени сме за апликации и кога е групата е пополнета. Ќе имаш можност да имаш резервирано место за интервју и можност за влез во наредната група на Академијата. 

Започни со
учење денес!

Биди дел од
бесплатното предавање за дизајн