Академија за
графички дизајн
Биди дел од најтемелната 32 неделна програма што ќе ти донесе успешна и креативна кариера
Биди дел од најтемелната 32 неделна програма што ќе ти донесе успешна и креативна кариера
За 32 недели ќе ги стекнеш оние вештини кои се веднаш применливи на работно место.
Ќе ги совладаш најважните дизајн концепти, софтвери и алатки кои ти се потребни за да ја претставиш твојата идеја на светот, како и практични вештини кои ќе можеш веднаш да ги примениш на работното место.
Со комбинација од индивидуална и тимска работа, во блиска соработка со менторите ќе изработиш повеќе од 9 готови проекти кои ќе ги вметнеш во твоето ново дизајн портфолио.
1. Ќе учиш преку практична работа на реални кампањи за познати компании
2. Менторство од дизајн експерти со долгогодишно искуство во областа и 24/7 подршка од тимот на Brainster
3. Ќе имаш можност за вработување во некоја од компаниите со кои соработуваме
4. Ќе бидеш дел од заедница, составена од луѓе слични на тебе, постојано отворена за помош и соработка
5. Посета на дизајн студио, посета на печатница, хакатони и дизајн натпревари, кариерна подготовка
Најдобро се учи со практична работа, на реални проекти со клиенти.
Студентите во текот на Академијата имаат можност за работат со познати брендови како МКЦ, WizzAir, Германски институт, Europe House и тн.
Во склоп на проектите се организираат изложби и посета на печатница.
Часовите се одржуваат 3 пати во неделата со времетраење од 2 часа.
За повеќе информации околу Академијата и можностите за финансирање, контактирајте ја Весна Трпчевска, координатор на Академијата, на тел: 078 814 614.
Концептуалист со
разнолико работно искуство
во дизајн студио, печатница и маркетинг агенција.
Maркетинг директор во Tribeca Studio
со повеќгодишно искуство во графички дизајн низ разни маркетинг агенции
и freelance
Првиот човек на Кома лаб,
една од водечките агенции
за графички дизајн и печатење во РМ.
Графички дизајнер со 10 годишно работно искуство во печатница, графичко студио и маркетинг агенција.
Сениор UX/UI дизајнер во Ендава.
Се усовршува како дизајнер
повеќе од 10 години.
Сениор дизајнер со над 6 годишно искуство во областа на дизајнот во маркетинг агенции, дизајн студио и freelance.
Магистер по social design,
со 6+ години искуство во примена на дизајн методи.
Графички дизајнер и арт директор
со
10+ годишно агенциското искуство во: Savvy, Mexico City и Publicis, Skopje.
Графички дизајнер, визуелен уметник, универзитетски професор. 10 + години работно искуство
Основи на визуелните комуникаци. Што е графички дизајн? Поим, суштина, функција и ликовно графички елементи
Разработка на процесот на дизајнирање. Како се започнува еден дизајн. Дизајнерскиот процес, од каде црпиме инспирација и како изгледа едно дизајн истражување.
Како еден дизајн станува историски? Познати имиња во дизајнот, дизајн правци низ времето и како ги употребуваме денес.
Инсталација на софтверот. Главни алатки во илустратор, учење преку практични вежби и примери, напредни алатки.
Типографска терминологија и примена. Употреба на фонтови (kerning, leading, tracking, hierarchy), Практични примери.Анализа и дискусија. Вежби, типографски постер, типографско лого.
Работење за клиент, како да креирате брендинг дизајн, процес на лого дизајн, процес на дизајнирање на брендбук, како да презетираш брендинг дизајн , изработка на брендбук, финална презентација пред клиент
Дизајн студио е колаборативна училница во која го изучуваме и градиме пристапот кон целните групи во дизајнерската професија. На овој модул може да очекувате работа во тимови на интердисциплинарни проекти, и многу дискусии.
Запознај се со UX/UI методолгијата. Научи го процесот од истражување до дизајн. Што е UX/UI дизајн? Запознај се со најважните методологии како rapid prototyping и design thinking.
Сега повеќе од кога било, компаниите ја препознаваат вредноста на дизајнот, применувајќи ги неговите принципи насекаде, од веб-искуства, до физички производи, до испорака на услуги. Според InVision, 92% од зрелите организации за дизајн можат да повлечат права линија од напорите на нивниот тим за дизајн до приходите на нивната компанија. Ова го гледаме како одразено на работните позиции: 70% од дизајнерските тимови го зголемија бројот на членови во изминатата година.
На оваа Академија се запишуваат студенти со различни професионални средини како графички дизајн, дизајн на интерфејс, архитектура и маркетинг, како и повеќе далечни области како психологија и антропологија. Искуството во Brainster создава трајни пријателства и соработки кои ќе ве поддржуваат за време на откривањето на целиот живот.
На крајот на оваа Академија ти ќе:
Еве само некои од придобивките што можат да ги очекуваат нашите студенти во Brainster:
Да! По презентацијата на завршниот проект, ќе добиете потпишан сертификат за завршување. Илјадници алумни во Brainster го користат својот сертификат за да демонстрираат вештини на потенцијалните работодавци – вклучувајќи ги и нашите партнери за вработување. Академијата за Графички Дизајн на Brainster е добро ценетиа од многу врвни работодавци, кои придонесуваат за нашата наставна програма и соработуваат со нас за да ги обучуваат свои тимови.
Услови за добивање сертификат:
Оваа Академија е за тебе ако си амбициозна и љубопитна личност која има пасија за учење и сака да расте во tech кариера и да работи како графички дизајнер. За да се запишеш на Академијата не ти е потребно предзнаење. Нашата претпрограма им ги овозможува на студентите потребните предзнаења за успешен старт на програмата и превенира голем дел од потешкотиите кои потенцијално би се појавиле за време на учењето понатаму.
Со пополнување на формуларот за апликација, влегуваш во нашата база на апликанти со останатите потенцијални студенти. Во рок од 24 часа, очекувај повик од координаторот на Академијата за да договорите датум и време за online средба со неа.
По средбата или интервјуто координаторот има состанок со тимот од Академијата и ги претставува кандидатите кои аплицираат т.е. нивната позадина, слободно време за академијата, желба за посветеност, кариерни аспирации, mindset и причини зошто се одлучиле за графички дизајн. Ова го правиме со цел да ги препознаеме студентите кои се „doers“ што ќе го прифаќаат нашиот „no-bullshit approach”. Убедени сме дека луѓето со љубопитен ум и широко познавање од многу области се најдобрите кандидати за оваа Академија.
Академијата за графички дизајн трае 32 недели. Наставата се одвива онлајн. Неделно се одржуваат три часови во времетрање од по два часа.
Освен желба за учење и работа, предзнање не е неопходно. Со многу помош од страна на тимот на инструктори и труд и посветеност од страна на студентот, успехот е неминовен.
Како дел од активностите на Академијата е и Learning&Hiring програмата, што значи соработка со компании кои често нудат и можност за вработување. Нашиот Hiring Тим ќе се потруди да те поврзе со нашите партнери и да ја најдеме твојата идеална работа.
Цената на Академијата за графички дизајн e 1850 евра, со можност за плаќање на 18 рати.